четврток, 15 јануари 2026

Костески: Натпреварите со Португалија и Романија се наша шанса за втора фаза на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија ги има последните подготовки пред настапот на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Пред првиот натпревар со Данците, своите очекувања ги сподели еден од најискусните во тимот, крилото Никола Костески.

Знаеме дека групата е тешка. Првиот натпревар е со Данска и знаеме со кој ќе се соочиме. Ние сме тука да дадеме сè од себе, се подготвуваме да дадеме максимум. Потоа размислуваме и за Португалија и Романија, бидејќи за нас тоа ќе бидат битки за втората фаза. Данците ќе целат на првото место и златниот медал, а наше е да ја поминеме групата, да побараме шансата во вториот и третиот меч. Мислам дека имаме квалитет, овој тим знае како да игра со тешки ривали и зошто да не изненадуме. Мора да се покажеме во најдобро светло, не смееме да се откажеме и мора да покажеме што знаеме против Данска за да ни биде полесен патот против Португалија и Романија“, изјави Костески.

Средбата меѓу Данска и Македонија во Хернинг се игра в петок во терминот од 20:30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ