недела, 7 декември 2025

Кошаркарите ги почнуваат подготовките за мечевите со Азербејџан и и Ирска

Денот после викендот е предвиден за почеток на активностите на машката сениорска репрезентација на Македонија, која во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ ги има првите обврски поврзани со натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Објавено на

часот

Сподели

Со оглед на краткото временско „растојание“ до првиот меч, оној против репрезентацијата на Азербејџан, кој го играме на 27. ноември во СРЦ „Кале “ во Скопје, селектороот Марјан Илиевски и неговите соработници предвидоа мини-подготовки во оној тренажен процес.

Првиот, од неколкуте планирани тренинзи, ќе биде реализиран во понеделник од 18:30 часот, во „базата“, односно салата на СРЦ „Кале“.

Наредниот ден, на 25.ноември, активностите се сведуваат на реализација на еден т.н. „централен тренинг“ од 10.30 до 12.30 часот.

Два тренинзи се предвидени и за наредниот ден, првиот, стандарден од 10.30 до 12.30 часот, додека вториот ќе биде „поместен“ за 20. часот.

А нашата најдобра селекција, која ќе биде сместена во хотелот „Алекасандар Палас“ во Скопје, ќе тренира и на денот на одигрувањето на средбата со Азербејџан, и тоа во периодот од 11 до 12.часот.

Средбата Македонија-Азербејџан ќе се игра на 27.ноември, од 19.часот.

За овој претквалификациски циклус, селекторот Илиевски смета на следните играчи:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Бобан Стајиќ – Пелистер

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

Страхил Николов – ТФТ Скопје

Теодор Симиќ – Кожув

Адем Мекиќ – Бора – Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово

Лејсон Зеќири – Башкими – Косово

Андреј Јакимовски – Тренто – Италија

Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија

Омари Мур – Валенсија – Шпанија

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ