понеделник, 8 декември 2025

Втора година по ред Никола Јокиќ е МВП на сезоната во НБА

Објавено на

часот

Сподели

Веста се уште не е официјално, но ја потврди најдобриот НБА новинар, Адријан Војнаровски кој е добро информиран.
 
МВП наградата и оваа сезона оди во рацете на српскиот кошаркар, Никола Јокиќ.
 
Денвер не стигна многу далеку оваа сезона, беа елиминирани во првото коло од плеј-офото, но Никола Јокиќ повторно прикажуваше брилијантни партии во текот на сезоната, па ја победи конкуренцијата за престижната награда.
 
Во најтесна конкуренција за наградата беа Џоел Ембид од Филаделфија, Јанис Адетокумбо од Милвоки и Стеф Кари од Голден стејт.
 
Јокиќ оваа сезона имаше уште подобра статистика од лани, постигна 27,1 поени во просек по натпревар, 13,9 скокови и 7,9 асистенции.
 
Тој стана и првиот кошаркар во НБА со повеќе од 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ