Бајиќ беше изненаден откако дозна дека има забрана за влез во Косово, тој не знаеше зошто не може да влезе заедно со останатите од македонската експедиција.
Но, косовските власти направиле голема грешка, Бајиќ го смешале со сериски убиец кој го имал истото име и презиме, а се наоѓа на листата на Интерпол поради злодела во Унгарија.
Убиецот е обвинет заедно со унгарски брачен пар дека ограбил и убил пет луѓе во 2011 година, а потоа успешно ѝ бегал на полицијата користејќи различни имиња и презимиња.
Поради оваа грешка селекторот Бајиќ планираше по друг пат да тргне кон Истанбул од каде што требаше да се лета кон Тбилиси, но во меѓувреме доби позитивен тест на ковид-19, па остана во Скопје.






