Адриан Пејн бил убиен во Калифорнија, бил во својот автомобил кога бил изрешетан со повеќе куршуми од пиштол.
Убиецот останал на местото на настанот и ја чекал полицијата да го уапси.
31-годишниот Пејн играше заедно со Перо Антиќ во Атланта, а во НБА го носеше дресот и на Орландо Меџик и Минесота Тимберволс. Играше и во неколку европски клубови меѓу кои и Панатенаикос.
Тој во моментов бил без клуб, но за неколку дена требало да одлета во Катар каде имал договорено ангажман во тамошниот клуб, Ал Сад.






