МЗТ Скопје одигра фантастична партија, го диктираше резултатот во текот на целиот меч. Како одминуваше натпреварот ја зголемуваа предноста. Откако во третиот период направија разлика од преку 20 поени, ја симнаа ногата од „гас“ и ја одржуваа предноста за конечни 95-76.
Немања Милошевиќ со 17 поени и девет скока беше најдобар кај МЗТ Скопје, Дејвис постигна 16 поени. Во составот на Пелистер, Никола Малешевиќ постигна 17 поен.
Дерби натпреварот во „Јане Сандански“ беше зачинет и со навивање на навивачките групи „Фемили“ и „Чкембари“.
Со оваа победа МЗТ Скопје се изедначи со Пелистер со 23 победи и 4 порази. Следните пет кола ќе бидат решавачки за тоа кој ќе има предност на домашен терен во плеј-офот. Еден од тие пет меча е и дуелот меѓу овие две екипи во Битола.






