понеделник, 8 декември 2025

Трофејот од Купот на Македонија остана во Македонска Каменица, Баскет КАМ подобри од Бадел 1862

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, а по регуларното време беше нерешено 58-58, па се играа дополнителни пет минути во кои Баскет КАМ беше подобар и дојде до триумф од 64-61.
 
Најдобра на теренот беше Кристина Пуљезевиќ која го доби признанието за МВП играч на овој турнир, таа во финалето постигна 23 поени, Алексиќ реализираше 15. Во составот на Бадел 1862, Стојановска постигна 22, Трајчевска 16.
 
„Драго ми е што го освоивме Купот, и што ја имавме Антиќ во тимот, па заедно дојдовме до посакуваниот успех. Се надевам дека и во првенството ќе го оствариме ова“, изјави по мечот Кристина Пуљезевиќ.
 
По подолго време, Јелена Антиќ се врати во македонската кошарка. И веднаш, со нејзина голема помош, стигна вториот Куп-трофеј во Македонска Каменица.
 
„Имавме добар резултат минатата година, а на овој меч Бадел 1862 беше фаворит и среќни сме што собравме сили по вчерашниот тежок меч во кој се истрошивме максимално и со солидна игра дојдовме до трофејот. Честитки за Бадел 1862, но вечерва среќата беше на нашата страна“, изјави Антиќ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ