Дончиќ не постигна најмногу поени на натпреварот, но успеа да дојде до нов трипл-дабл. Тој реализираше 15 поени, имаше 15 асистенции и 10 скокови.
Далас убедливо со 20 поени разлика го совлада Портланд, а најмногу поени во тимот на Маверикс оствари Порзингис 22, Брансон имаше 20 и 11 асистенции, за Портланд, Симонс постигна 23 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=lBrFOwml6mI autoplay:0]
Денвер со победа се враќа од тешкото гостување кај Бруклин, до триумфот дојдоа благодарение на одличната игра во третата четвртина која ја добија со 42-26.
Јокиќ беше најдобар на теренот со 26 поени, имаше 10 скока и 8 асистенции. Наефикасен во составот на Бруклин беше Томас со 25 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=2T6juMhhnf0 autoplay:0]
Резултати:
Кливленд – Милвоки 115:99
Индијана – Шарлот 126:158
Орландо – ЛА Клиперс 102:111
Атланта – Сакраменто 121:104
Мајами – Њујорк 110:96
Бруклин – Денвер 118:124
Чикаго – Торонто 111:105
Сан Антонио – Мемфис 110:118
Портланд – Далас – 112:132
Јута – Феникс 97:105






