Мајами во текот на третата четвртина имаа предност и од 15 поени, во тие моменти се чинеше дека ќе дојдат до третата победа во серијата, но работите се променија во последниот период. Атланта ја намали негативата, а Тре Јанг со кош на четири секунди до крајот донесе победа од 111-110. Мајами го имаше последниот шут на мечот, но промашија.
Јанг со 24 поени беше најдобар во составот на Атланта, кај Мајами, Хиро постигна 24 поени, Батлер 20, имаше и 10 скокови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=rjF6XXuQolk autoplay:0]
Милвоки ги прегази биковите во Чикаго и го врати водството во серијата. Лекцијата од минатиот меч беше научена, ДеРоузен беше затворен, а другите играчи на домаќините не беа на нивото. На крајот Милвоки победи со 30 поени разлика, 111:81.
Ален со 22 поени беше најфеикасен на мечот, одлично одигра и Портис кој имаше 18 поени и 16 скокови. Најдобар кај Чикаго беше Вучевиќ со 19 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=RerP1kwrOHw autoplay:0]
И Феникс врати брејк откако со 114-111 го победи Њу Орлеанс на негов терен. Ајтон со 28 поени беше најдобар кај Феникс, Инграм постигна 34 за Њу Орлеанс, а Мекалум 30.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=ffEqf9V8asM autoplay:0]
Резултати:
Атланта – Мајами 111:110 (1-2)
Чикаго – Милвоки 81:111 (1-2)
Њу Орлеанс – Феникс 111:114 (1-2)






