понеделник, 8 декември 2025

Тимот на Леброн го победи тимот на Дурент, Стеф Кари со извонредна партија беше МВП на мечот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Стеф Кари имаше вистинско шоу на ол-стар натпреварот, креираше историја со една од најдобрите индивидуални партии на натпреварите на кои се собираат ѕвездите.
 
Тој беше главен во тимот на Леброн Џејмс, постигна дури 50 поени, од кои 16 беа тројки што е нов апсолутен рекорд на ол-стар натпреварите. Кари со 13. тројка го постави рекордот, а потоа само го подобри со преостанатите три тројки.
 
Беше блиску и до рекорд со поени, му валеа само уште два за да се израмни со Ентони Дејвис кој во 2017 година постигна 52 поени. Кари сосема заслужено беше прогласен за МВП на синоќешниот ол-стар кој се играше во Кливленд.
Втор стрелец во тимот на Леброн беше Адетокумбо со 30 поени, а Леброн постигна 24, со нив беше и Јокиќ на кој малку му фалеше за трипл-дабл, постигна 10 поени, имаше 9 скока и 8 асистенции.
 
Во тимот на Дурент најдобар беше Ембид кој имаше учинок од 36 поени и 10 скокови, Букер постигна 20, Бол 18.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=FTU3knJUjqI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ