понеделник, 8 декември 2025

ТФТ со убедлива победа над ФМП до своето прво финале

Објавено на

часот

Сподели

ТФТ уште на мечот со Пелистер покажа дека е во голема форма, а денеска тоа го потврди против ФМП победувајќи со фантастични 22 поени разлика.
 
ФМП беше во игра само во првата четвртина, од вториот период ТФТ почна да се одлепува, ги доби сите четири четвртини и на крајот сосема заслужено славеше со 94-72.
 
Хортон со 20 поени беше најефикасен на мечот, Костоски постигна 13, во составот на ФМП Ивеј даде 20 поени, Крстајиќ 14.
 
ТФТ во финалето ќе го чека подобриот од мечот меѓу МЗТ Скопје и Феникс санс.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ