Родител на дете на МЗТ Скопје направи срамен инцидент во салата „Градски парк“ откако незадоволен од тоа што го виде на теренот тргна да се пресметува со детенце од Работнички. Причината беше една провокација од кошаркарот на Работнички кон играчот на МЗТ Скопје, но тоа е нешто што многу често се случува и на детските натпревари и на мечевите кога играат возрасни.
Напаѓачот не успеа да стигне до детето кон кое тргна благодарение на луѓето од стручниот штаб и другите родители кои се симнаа на теренот.
Од Работнички реагираа на случувањата и споделија видео од настанот.
„На денешниот натпревар каде што нашите најмлади кошаркари остварија убедлива победа,имаше немили сцени.Каде што родители од спротивната страна (мзт скопје) се обидоа физички да нападнат малолетно дете, кошаркар од тимот на РАБОТНИЧКИ.
Пред се ова е срам за кошарката, особено кога во прашање е натпреварување на малолетни деца до 14 години.
Нашиот став и мислење е дека вакви непосакувани настани не треба да поминат неказнети и се надеваме дека надлежните органи ќе превземат соодветни мерки“, стои во соопштението на КК Работнички.






