понеделник, 8 декември 2025

Селекторот Бајиќ е позитивен на ковид-19, нема да патува во Грузија

Објавено на

часот

Сподели

Бајиќ ионака имаше проблем со патот откако дозна дека има забранет влез во Косово од каде кошаркарите требаше да се упатат кон Истанбул, па од таму да летаа до Тбилиси.
 
Беше одлучено селекторот да патува по друга рута, но нема ни тоа да се случи. Бајиќ добил позитивен тест на ковид-19 и ќе остане во изолација во Скопје.
 
Неизвесно е дали тој ќе може да ја води селекцијата и на мечот во салата „Јане Сандански“ на 27. февруари.
 
Македонија по две кола е последна во групата откако ги загубивме мечевите против Шпанија и Украина. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ