Пред натпреварот против Лејкерс, Сан Антонио имаше 18 порази по ред, но на црната серија синоќа и дојде крајот.
Спарси имаа фантастичен влез во мечот, ја добија првата четвртина со 42-22, а потоа само ја одржаа предноста за победа од 129-115.
Вејсел имаше одлична партија со 36 поени, Вембанјама постигна 13 поени, имаше и 15 скокови. Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн со 23 поени, имаше и 14 асистенции.
Резултати:
Шарлот – Њу Орлеанс 107-112
Филаделфија – Детроит 124-92
Вашингтон – Индијана 137-123
Бостон – Орландо 128-111
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 129-115
Торонто – Атланта 104-125
Мемфис – Хјустон 96-103
Феникс – Њујорк 122-139






