Лука Дончиќ имаше блескава партија против Клиперс, со рекордни за него 51 поен го предводеше Далас до триумф. Словенецот постигна седум тројки.
Далас водеше буквално во текот на целиот натпревар. ЛА Клиперс успеваше само да ја намалува негативата но кога и да го направеше тоа тимот на Дончиќ знаеше како да се одлепи.
Најдобар кај Клиперс беше Морис Маркус со 21 поен.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=jxh0FHH0afk autoplay:0]
Резултати:
Детроит – Мемфис 107:132
Њу Орлеанс – Мајами 97:112
Вашингтон – Бруклин 113:112
Хјустон – Торонто 120:139
Далас – ЛА Клиперс 112:105
Голден стејт – Њујорк 114:116
Феникс – Милвоки 131:107






