среда, 28 јануари 2026

Работнички пружи отпор, но МЗТ Скопје не дозволи изненадување

Објавено на

часот

Сподели

Поради состојбата во Работнички, МЗТ Скопје влезе како голем фаворит во ова дерби и речиси и да немаше дилеми кој ќе биде победникот, но тимот од Градски парк одлично се носеше и можеше да направи изненадување.
 
Ривалите се менуваа во водството. МЗТ Скопје подобро почна, создаде предност од 14-6, но Работнички направи серија и ја доби првата четвртина со 29-26. Рамноправно беше и во вториот период кој му припадна на гостинот, Аеродромци на полувреме заминаа со минимална предност од 46-45.
 
Во третиот период МЗТ Скопје создаде разлика, во последниот период влезе со водство од 72-64 и се чинеше дека се е решено, но Работнички во последниот период влезе со серија од 7-0 и го направи натпреварот неизвесен. Центарци дојдоа и до предност од 74-73, но во еден неизвесен финиш шампионот подобро се снајде и на крајот го доби натпреварот со 89:83.
 
Најдобар кај МЗТ Скопје беше Дејвис со 21 поен, Војдан Стојановски постигна 14. Кај Работнички Деон Едвин беше фантастичен со 33 поени.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ