Лејкерс без Леброн имаше четири порази на последните пет натпревари, со неговото враќање веднаш оствари позитивен резултат.
Првото полувреме од мечот му припадна на Њујорк, но Лејкерс одигра одличен втор дел, натпреварот во регуларниот дел заврши 111-111, а потоа домаќините во продолжението дојдоа до триумф од 122:115.
Леброн Џејмс беше најдобар во својот тим, постигна трипл-дабл учинок, имаше 29 поени, 13 скокови и 10 асистенции, 29 поени имаше и Монк, Ентони Дејвис имаше 28 поени и 17 скокови. Во тимот на Њујорк Барет постигна 36, Рендл 32 поени и 16 скокови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=IdTcx_7yjlM autoplay:0]
Резултати:
Орландо – Мемфис 115:135
Шарлот – Мајами 86:104
Вашингтон – Феникс 80:95
ЛА Лејкерс – Њујорк 122:115
Портланд – Милвоки 108:137
Сакраменто – Оклахома 113:103






