понеделник, 8 декември 2025

Леброн како Коби и Џордан, со 56 поени го „сруши“ Голден Стејт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Леброн Џејмс ја имаше својата најдобра партија во дресот на „езерџиите“, утрово постигна 56 поени и го предводеше својот тим до триумф над Голден Стејт од 124-116.

Со ова постигнување, „кралот“ влезе во одбрано друштво и стана само четвртиот кошаркар кој постигнал 50+ поени со 37 или повеќе години. Претходно ова им успеало на Коби Брајант, Мајкл Џордан и Џамал Кафорд.

Тој исто така стана најстариот играч во историјата на НБА кој на еден натпревар постигнал барем 55 поени и забележал најмалку 10 скокови, а стана и првиот играч кој постигнал барем 50 поени на еден натпревар пред да наполни 21 година и откако наполни 35 години.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=vgcbi3MuTkw autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ