понеделник, 8 декември 2025

Купот на Македонија почна со изненадување, ТФТ Скопје го елиминираше Пелистер

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер и лидер во македонското првенство, има проблеми со повредени кошаркари, но и покрај тоа важеше за фаворит во дуелот против ТФТ Скопје.
 
Ова е вторпат по ред како битолскиот тим на куп турнирот пристигнува како лидер, а е елиминиран уште во четвртфиналето. Минатата година тоа им се случи од Академија ФМП.
 
Денеска ТФТ одигра брилијантен меч, шутот ги служеше, тимски беа извонредни, доминираа речиси во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено дојдоа до победата.
 
Најефикасен во составот на ТФТ беше Костовски кој постигна 22 поени, Хортон реализираше 19, Маслинко 16. Во составот на Пелистер Малешевиќ постигна 29 поени, Кесар 24.
 
ТФТ во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Академија ФМП и Еуро Никел, дуел кој е последен на денешната програма.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ