Џеј Ар Смит, кој помина 17 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот и има две титули, една со Кливленд и една со ЛА Лејкерс, го критикуваше типичното размислување на спортистите.
Вели дека тие можат да направат многу работи за општеството и заедниците во кои жевеат доколку го променат начинот на размислување.
„Дали знаеш колку животи можеш да промениш во твоето маало со 10 милиони долари?“ – вели Џеј Ар Смит, кој во 2020 стави крај на кариерата и се запиша на колеџ.
„Можеме да изградиме еден куп работи во нашите заедници. Можеме да изградиме вежбални, центри за рекреација, можеме да организираме првенства… кој ќе не сопре? Ги имаме парите? Но не размислуваме така“.
„Подобро да потрошиме 60.000 долари во стриптз бар отколку да нахраниме 2.500 луѓе од нашето маало. Само со казните кои ги плаќав поради тоа што доцнев во тимскиот автобус можев десет пати да ги прехранам сите луѓе од мојата заедница“.
„Толку сме фокусирани на самите себе: морам да го купам ова дизајнерско палто, морам да ги имам овие фармерки, морам да ја имам оваа торба, морам да изгледам вака бидејќи така се облекуваат постарите играчи, морам да го имам овој автомобил… Зошто?“






