Пред самиот крај на првото полувреме, Јокиќ се пожали дека бил фаулиран од Никола Вучевиќ. Дискусијата со судијата траеше малку подолго, па тие решија да го исклучат Србинот од игра.
Денвер го доби мечот и покрај тоа што играше цело полувреме без својот најдобар кошаркар. Шампионот победи со 114-106.
Јокиќ на теренот помина 16 минути за кои постигна четири поени, имаше девет скокови и шест асистенции. Најефикасен во составот на Денвер беше Џексон со 25 поени. Кај Чикаго Вајт постигна 27 поени.
Резултати:
Бостон – Кливленд 120-113
Далас – ЛА Лејкерс 127-125
Чикаго – Денвер 106-114
Феникс – Голден стејт 119-116
ЛА Клиперс – Сакраменто 119-99






