понеделник, 8 декември 2025

Јокиќ испиша историја во НБА (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер го победи Мемфис со 122-109 и ја завери шестата позиција на Западот која носи директно во плејофот. Никола Јокиќ на овој натпревар постигна 35 поени, имаше 16 скокови и шест асистенции.
 
Овие бројки не се ништо спектакуларни за него, но со помош на нив дојде до едно остварување кое го нема никој направено досега.
 
Јокиќ оваа сезона има повеќе од 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции. Досега ниту еден кошаркар немал таков учинок во тек на една сезона.

 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=A0BcQsTPvJw autoplay:0]
 
Резултати:
 
Шарлот – Орландо 128:101
Милвоки – Бостон 127:121
Торонто – Филаделфија 119:114
Минесота – Сан Антонио 127:121
Њу Орлеанс – Портланд 127:94
Денвер – Мемфис 122:109
Голден стејт – ЛА Лејкерс 128:112
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ