понеделник, 8 декември 2025

Грег Попович стана тренер со најмногу победи во историјата на НБА

Објавено на

часот

Сподели

За Попович ова беше 1.336 победа во НБА кариерата со што го надмина неговиот ментор, Дон Нелсон кој сега има една помалку.
 
„Ова не е само мој успех, ова е успех и на сите луѓе кои некогаш работеле со мене. Кошарката е тимски спорт. Цел живот сум опкружен со прекрасни играчи и други тренери. Ова не е мој рекорд, ова е наш рекорд“, изјави Попович.
 
Тој од 1996 година работи како прв тренер во НБА, а негов единствен клуб е Сан Антонио со кој пет пати беше шампион. Како селектор на САД ги има освоено и Олимписките игри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ