Голден стејт со одлична игра во послендата четвртина која ја доби со 32-19, дојде до триумф од 110-96 против Мемфис и се пласираше во финалето на западната конференција.
Томпсон со 30 поени беше најефикасен во составот на Голден стејт, Кари постигна 29. Кај Мемфис, Брукс реализираше 30 поени.
Во финалето на западната конференција тие ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Феникс и Далас каде во моментов е 3-3.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=mwtsi1JTmHQ autoplay:0]
Тејтум синоќа ја доби пресметката со Адетокумбо, двете ѕвезди имаа маестрални изданија, но на крајот победи Бостон со 108-95 и се избори за мајсторка која ќе ја игра на свој терен.
Тејтум постигна 46 поени, имаше и девет скокови, Адетокумбо постигна 44 поени, имаше и дури 20 скокови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=3QJ9toN2CJo autoplay:0]
Резултати:
Милвоки – Бостон 95:108 (3-3)
Голден стејт – Мемфис 110:96 (4-2)






