недела, 4 мај 2025

Голден стејт и Орландо изборија место во плеј-офот! (ВИДЕО)

Голден стејт со 121-116 го совлада Мемфис и се најде во плеј-офот од НБА лигата, а таму стигна и Орландо кој со убедливи 120-95 беше подобар од Атланта.

Објавено на

часот

Сподели

Батлер и Кари го предводеа Голден стејт до победата над Мемфис, првиот постигна 38 поени, а вториот 37. Најдобар кај Мемфис беше Бејн со 30 поени.

Мемфис ќе има уште една шанса да се пласира во плеј-офот, ќе играат со победникот од дуелот меѓу Сакраменто и Далас.

Орландо одигра тимски одличен меч и со 25 поени разлика ја совлада Атланта. Ентони со 26 поени беше најефикасен кај магичните, а Тре Јанг погоди 28 поени за Атланта.

Орландо оди во плеј-офот, а Атланта ќе има уште една шанса да стигне таму. Таа пречка ќе биде победникот од дуелот меѓу Чикаго и Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ