Феникс водеше од првата до последната минута од мечот, Далас успеа во последната четвртина само да се избори за пристоен пораз од седум поени разлика.
Лука Дончиќ имаше одличен меч, постигна 45 поени, имаше 12 скокови и осум асистенции, но тоа не беше доволно да се оствари победа. Во составот на Феникс најдобар беше Ајтон со 25 поени, Букер реализираше 23.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=RWk1pyLA760 autoplay:0]
И Мајами тргна со победа, тие славеа лесна победа над Филаделфија со 106-92. Хироу со 25 поени беше најефикасен во составот на Мајами, одличен меч имаше Адебајо со 24 поени и 12 скокови. За Филаделфија, Харис реализираше 27.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=QZFIzYzOa7Y autoplay:0]
Резултати:
Мајами – Филаделфија 106:92 (1-0)
Феникс – Далас 121:114 (1-0)






