Словенечкиот кошаркар постигна 39 поени, имаше 12 скокови и 10 асистенции, беше убедливо најдобриот на теренот. Имаше поддршка и од Хардавеј кој уфрли 23 поени.
За одбележување е и тоа што Дончиќ дојде на само 11 поени од границата до 10.000 поени во НБА кариерата, па веќе на следниот меч би требало да дојде до ова достигнување.
Победа обезбедија и Јокиќ и Денвер, тие славеа на гостувањето кај Шарлот со 102-95. Српскиот кошаркар беше на само една асистенција до трипл-дабл, постигна 18 поени, имаше 10 скокови и девет асистенции. Најефикасен во составот на Денвер беше Портер со 22 поени, Мареј постигна 20.
Резултати:
Њујорк – Милвоки 111-130
ЛА Клиперс – Бостон 108-145
Шарлот – Денвер 95-102
Индијана – Орландо 110-117
Њу Орлеанс – Хјустон 104-106
Атланта – Мемфис 119-125
Бруклин – Детроит 126-115
Торонто – Јута 119-126
Чикаго – Кливленд 95-109
Оклахома – ЛА Лејкерс 120-129
Далас – Сан Антонио 144-119
Голден стејт – Портланд 126-106
Сакраменто – Минесота 98-110






