Денвер оствари триумф на тешкото гостување кај Голден стејт, Морис со звукот на сирената погоди за победа, а Јокиќ имаше најдобар учинок на мечот.
Во последниот напад, Јокиќ тргна на влез но виде дека Морис е осамен, асистираше до него, а тој погоди тројка за победа на Денвер од 117-116.
Јокиќ мечот го заврши со 35 поени, 17 скокови и 8 асистенции. Најдобар во составот на Голден стејт беше Стеф Кари со 25 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=MqgKnIY14kk autoplay:0]
Резултати:
Орландо – Атланта 109:130
Бостон – Детроит 111:112
Индијана – Вашингтон 113:108
Њујорк – Бруклин 106:111
Чикаго – Сакраменто 125:118
Мемфис – Портланд 119:123
Минесота – Торонто 91:103
Оклахома – Сан Антонио 106:114
Феникс – Хјустон 124:121
Голден стејт – Денвер 116:117
ЛА Лејкерс – Јута 106:101






