понеделник, 8 декември 2025

Димитријевиќ: Ќе го дадам максимумот за да ја победиме Грузија во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Македонија утре гостува на Грузија во Тбилиси во рамките од квалификациите за СП 2023, а во недела со истиот противник играме во Скопје.
 
Ненад Димитријевиќ ќе настапи само на мечот во Скопје, поради повреди нема да патува во Грузија.
 
„За жал оваа сезона не ми е како што планирав, имам многу повреди во Валенсија, сега и на купот што игравме влечев некои стари повреди кои треба да ги средам овој период, но ќе дадам максимум за да бидам подготвен за вториот натпревар против Грузија кој го играме во Скопје“, вели Димитријевиќ во интервју за МТВ.
 
„Треба максимално да се фокусираме на натпреварите со Грузија, особено на мечот кој го играме дома. Мора да ги добиеме домашните натпревари против Грузија и Украина за да имаме шанси да се пласираме во следната фаза од квалификациите. Мислам дека има голема иднина во оваа репрезентација, само треба многу работа, сигурен сум дека како ќе одминува времето ќе биде се подобро и подобро“.
 
„Веќе кога ќе влезеш во сениорската кошарка нема млад или стар, или си добар или не, или можеш да помогнеш екипата да победува или не можеш. Никогаш не сум чувствувал притисок за ништо. Од мали години секогаш сум требал со притисок да се борам, но никогаш не сум чувствувал. Среќен сум што ме гледаат како лидер“.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ