понеделник, 8 декември 2025

Димитријевиќ: Грузијците даваа поени кога им беше најпотребно

Објавено на

часот

Сподели

Четири меча, четири порази за Македонија во квалификациите за Мундијалот, Грузија по вторпат славеше против нас, овојпат во Скопје.
 
Наш најдобар кошаркар беше Ненад Димитријевиќ, но му фалеше поддршка од останатите за да се направи нешто повеќе од убедлив пораз.
 
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, против одличен тим. Забележаа некои важни поени во моменти кога им беше потребно, најмногу заслужни за тоа беа Шермадини и Мек Фејден. Тежок момент беше кога сметам дека имаше прекршок, а не беше досуден, по што следеше техничка грешка за мене и 10-0 серија за Грузија“, изјави Димитријевиќ по мечот.
 
Селекторот Бајиќ не можеше да биде на клупата затоа што е позитивен на ковид-19, па нашата репрезентација ја водеше помошникот Александар Јончевски.
 
„Уште еднаш противникот дојде до заслужена победа, но и ние имавме одлични моменти во играта, така што не можам да се пожалам. Сакам да им честитам на моите играчи за борбеноста, почитта кон националниот дрес во овој ‘прозорец’. Можам да кажам дека споредено со првиот натпревар имавме подобар одговор на целокупната игра на противникот, иако не можевме да го контролираме скокот од наша страна. Имавме отворени шутеви и нереализирани шанси, ова не е најдоброто од нас, но не можам да кажам дека не сум задоволен од овие играчи. Имавме само шест поени од клупа, не сум разочаран, но секако можеше да биде подобро“, изјави Јончевски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ