Клубот кој има три шампионски титули и пет конференциски, ја живее една од своите најголеми кризи. Детроит нареди 25 порази во низа што е израмнување на нивниот негативен рекорд.
Синоќа одиграа рамноправен натпревар против Јута, но потклекнаа во финишот и го загубија мечот со 119-111.
Незадоволните фанови од тоа што се случува скандираа на трибините „Продајте го тимот“.
Рекордот од најмногу порази во низа на еден НБА тим го држи Филаделфија која има нанижано 28 загубени меча по ред, но во две сезони, од крајот на 2015-2016 до почетокот на 2016-2017 сезона. Детроит не е далеку од таа бројка.
Резултати:
Детроит – Јута 111-119
Кливленд – Њујорк 104-123
Чикаго – Сан Антонио 114-95
Мемфис – Индијана 116-103
Милвоки – Орландо 118-114
Оклахома – ЛА Клиперс 134-115
Минесота – ЛА Лејкерс 118-111
Портланд – Вашингтон 117-118






