Денвер одигра извонреден меч на гостувањето кај Милвоки, водеа во текот на целиот период и на крајот победија со фантастични 36 поени разлика.
Јокиќ натпреварот го заврши со 18 поени, 15 асистенции и 9 скокови, повеќе поени од него во составот на Денвер постигна Гордон, 24. Најефикасен на теренот беше првата ѕвезда на Милвоки, Адетокумбо со 29 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=nrgzyTgzZQc autoplay:0]
Резултати:
Атланта – ЛА Лејкерс 129:121
Шарлот – ЛА Клиперс 90:115
Чикаго – Портланд 130:116
Детроит – Кливленд 115:105
Милвоки – Денвер 100:136
Орландо – Далас 110:108
Минесота – Јута 126:106
Феникс – Сан Антонио 115:110






