понеделник, 8 декември 2025

Дебитантот немаше сили, МЗТ преку Феникс до шанса за рекордна 11-та титула во Купот

Објавено на

часот

Сподели

МЗТ Скопје ќе брка рекордна 11-та титула во Купот на Македонија, популарните „штркови“ го добија дуелот против Феникс и закажаа пресметка со ТФТ во финалето. 

Избраниците на Дарко Радуловиќ одлично го отворија натпреварот, и до крајот на првата четвртина стигна до двоцифрена предност (27-17). 

МЗТ доминираше и во поголемиот дел од вториот период и стигна до највисоки +17 (45-28), но во финишот дојде до опуштање па на пауза се замина со резултат 46-37.

Предноста продолжи да се топи и во третата четвртина, Феникс дојде на само -3 (51-48), но дебитантот немаше сили за изненадување, па МЗТ со серија од 15-4 се врати во убедливо водство и потоа рутински го приврши мечот. 

Војдан Стојановски со 17 поени беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски реализираше 15 поени а двоцифрен учинок забележа и Морис Кари со 10 поени. 

Бојан Трајковски со 17 поени и 7 скокови беше прв играч на Феникс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ