понеделник, 8 декември 2025

Далас го прегази Феникс за пласман во финале на западот, Бостон го исфрли Милвоки (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Далас одигра неочекувано моќна партија на гостувањето кај Феникс каде се играше мајсторката меѓу овие два тима. Домаќините беа фаворити, но синоќа беа непрепознатливи.
 
Феникс во првото полувреме постигна само 27 поени, а Далас во последниот период имаше предност и од 46 поени разлика, 111-65, но во последните минути ја тргна ногата од педалата за гас и на крајот славеше со 33 разлика, 123-90.
 
Најефикасен беше Лука Дончиќ со 35 поени, имаше и 10 скокови, одлична партија за Далас имаше и Динвиди со 30 поени. Кај Феникс најефикасен беше Џонсон со само 12 поени, Букер постигна 11, а Крис Пол 10.
 
Во финалето на западот Далас ќе игра против Голден стејт.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=ukP7DmYW_7I autoplay:0]
 
НБА ќе добие и нов шампион откако Бостон со 109-81 го победи Милвоки во мајсторката.
 
Вилијамс со 27 поени беше најефикасен на мечот, Тејтум постигна 23. Најдобар кај Милвоки беше Адетокумбо со 25 поени, имаше и 20 скокови и девет асистенции.
 
Бостон во финалето на истокот ќе игра против Мајами. 
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Vl15Ji_-oZI autoplay:0]
 
Резултати:
 
Бостон – Милвоки 109:81 (4-3)
Феникс – Далас 90:123 (3-4)
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ