Берлин требаше да биде домаќин на големиот кошаркарски настан, но поради ковид мерките кои се на сила во овој град одлучено е тој да биде преместен во Белград.
Германскиот град не можеше да гарантира дека ќе има навивачи, а дури се стравуваше и дека некои од кошаркарите нема да може да играат поради строгите мерки.
Белград брзо се согласи да го замени Берлин и по четири години повторно ќе биде домаќин на фајнл-фор турнирот.
„Откако добро размисливме донесовме одлука која сметаме дека е најдобра за нашите навивачи и играчи. Не можевме да посакаме подобра алтернатива од Белград кој е град кој се идентификува со кошарката. Голема благодарност до владата на Србија и до градот Белград, се надеваме дека ќе уживаме во возбудлив фајнл-фор“, изјави првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.






