четврток, 11 декември 2025
Големо признание за македонскиот кошаркар

Андреј Јакимовски е прогласен за МВП на колото во Еврокупот

Новиот лидер на македонската кошаркарска репрезентација, Андреј Јакимовски доби големо признание, прогласен е за МВП на колото во Еврокупот по неговото блескаво издание на мечот за Тренто против Бруж.

Објавено на

часот

Сподели

Македонецот ја одигра најдобрата своја партија во кариерата, беше предводник на Тренто во победата постигнувајќи 30 поени, имаше и седум скокови, индексот му беше 43.

Таквите бројки му ја донесоа наградата за МВП на колото во Еврокупот, што е големо признание за македонскиот кошаркар.

Тој е само петтиот кошаркар на Тренто кој добил ваква награда, последниот беше дури во 2021 година.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ