Адетокумбо имаше фантастична ноќ, постигна најмногу поени во својата кариера, но и најмногу во историјата на Милвоки. Досегашното негово лично достигнување беше 55 поени, а најфефикасен на меч за Милвоки бил Мајкл Ред кој во ноември 2006 постигна 57 поени. Синоќешните 64 поени на Јанис се рекордни.
Интересно, до овој учинок дојде без да погоди тројка. Реализираше 20/28 од игра и 24 поени од 32 од линијата за слободни фрлања.
По натпреварот се случи инцидент. Адетокумбо сакаше да си ја земе топката со која го постави рекордот, но забележа дека му дадоа лажна топка, која не била користена на мечот. До него стигна информација дека вистинската топка е кај играчите на Индијана, па се стрча во соблекувалната на гостите каде настана голема гужва.
Објаснувањето на луѓето од Индијана беше дека тие ја сакале топката за нивниот играч Оскар Шијебве кој на овој меч ги постигна првите поени во НБА.
The Pacers are big loser… Indiana takes the game ball after Giannis scored a career and franchise high 64 points
— LegendOfWinning (@LegendOfWinning) December 14, 2023
Резултати:
Детроит – Филаделфија 111-129
Вашингтон – Њу Орлеанс 122-142
Мајами – Шарлот 142-115
Торонто – Атланта 135-128
Хјустон – Мемфис 117-104
Милвоки – Индијана 140-126
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 119-122
Феникс – Бруклин 112-116
Јута – Њујорк 117-113






