понеделник, 8 декември 2025

Конте има големи пофалби за Елмас

Тренерот на Наполи, Антонио Конте имаше пофални зборови за Елиф Елмас по вчерашниот меч против Комо во Серија А кој заврши без голови.

Објавено на

часот

Сподели

Елмас мечот го почна од клупата за резерви, но во игра влезе уште во 37. минута поради повреда на Гилмур.

Антонио Конте изрази задоволство од играта на Елмас.

„Елмас одигра одлично, имаше одличен натпревар и навистина ми се допаѓа. Среќен сум за одиграното од страна на Елмас“, рече Конте.

Можеби по овој меч Конте ќе му ја зголеми минутажа на македонскиот репрезентативец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ