понеделник, 15 декември 2025
Мора да се жртвува за да продолжи да го носи „бело-црниот“ дрес

Консеисао доби рок од 24 часа да се откаже од многу милиони за да направи трансфер во Јувентус

Јувентус и Порто си подале рака за трансфер на Франсиско Консеисао но за зделката да се реализира, фудбалерот ќе треба да се откаже од над 6 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус и Порто подолго време водат преговори за позајмицата на Франсиско Консеисао да стане перманентен трансфер и двата клуба синоќа конечно си подале рака.

Голем број на извори пренесуваат дека двата клуба договориле трансфер вреден околу 32 милиони евра, сумата ќе биде платена во период од четири години.

Сепак, за зделката да се реализира, потребно е Франсиско Консеисао да се откаже од клаузулата според која му припаѓаат 20% од трансферот, или во овој случај околу 6,4 милиони евра.

Порто бара Франсиско Консеисао тоа да го стори написмено, и претседателот Андре Вилаш Боаш дал рок од 24 часа – или во спротивно трансферот нема да се реализира.

Од денеска, откупната клаузула на Франсиско Консеисао порасна на 45 милиони евра (до 15. јули беше 30 милиони евра) па доколку фудбалерот не се откаже од својот дел од трансферот, дополнително ќе се комплицираат работите во следниот период.

ФОТО: fb/JuventusFC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ