Она што го прави мечот уште повпечатлив е поддршката која ирската репрезентативка ја добива од ММА суперѕвездата Конор Мекгрегор, кој јавно коментира и ја поддржува на нејзините објави.
„Горда сум што ќе ја претставувам Македонија на ова ниво. Не ме загрижува кој стои зад мојата противничка – јас знам кој стои зад мене,“ изјави Алексовска.
Мечот ќе биде пренесуван во живо на Arena Fight каналите, почнувајќи од 21:00 часот.
Ова е историски момент не само за Алексовска, туку и за целата спортска сцена во Македонија. ММА Федерацијата на Македонија ја повикува јавноста на силна поддршка за нашата европска шампионка.