недела, 14 декември 2025

Конечно падна договор: „Кумановецот“ Јашари се сели во Милан

По долги преговори Милан и Клуб Бриж си подадоа рака за трансфер на швајцарскиот репрезентативец Ардон Јашари кој има кумановско потекло.

Објавено на

часот

Сподели

Клуб Бриж беше тврд во преговорите, па поради тоа Милан со месеци се обидуваше да го добие Јашари.

Белгискиот клуб ја прифати последната понуда на Милан која изнесуваше 39 милиони евра со вклучени бонуси.

Јашари имаше понуди и од други клубови кои беа финансиски подобри и за него и за Клуб Бриж, но тој сакаше трансфер само во Милан.

Во наредните денови трансферот ќе биде финализиран и официјално потврден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ