Борац Бања Лука победи на гостувањето кај Железничар со 0-1 во натпревар од 25. коло.
Херој на гостите беше фудбалерот со македонски пасош Себастијан Херера, кој го постигна победничкиот гол во 91. минута. Тој изведе слободен удар од позиција слична на скратен корнер и со прецизен удар го лобува голманот на Железничар.






