четврток, 26 март 2026

Колумбискиот бек на Македонија ја испеа химната на „Паркен“ (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација испишува ново поглавје, откако по вторпат во историјата настапува во бараж за пласман на Светско првенство. По историската победа над Италија во Палермо, избраниците сега се надеваат на ново изненадување, овојпат против Данска во Копенхаген.

Објавено на

часот

Сподели

„Паркен“ е исполнет до последно место со повеќе од 38.000 гледачи, а значајна поддршка има и од македонските навивачи. Околу 2.000 фанови пристигнаа да ја бодрат Македонија во скандинавската земја.

Пред почетокот на натпреварот, македонските фудбалери и навивачи заедно ја испеаја химната „Денес над Македонија“ со многу емоции.

Впечаток остави и дебитантот Себастијан Херера, кој иако роден во Колумбија, гордо ја пееше химната во својот прв настап за националниот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ