ФФМ пред почетокот на сезоната донираше опрема за младинските категории на клубовите, но некои ја продавале опремата.
„Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна. Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата. Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ. Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите. ФФМ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе реагира соодветно за да ја заштити секоја млада генерација“, се вели во соопштението на ФФМ.
На овој ЛИНК се наведените клубови кои добија опрема од ФФМ.






