петок, 30 мај 2025

Кливленд со „метла“ го исфрли Мајами, Голден стејт го победи Хјустон (ВИДЕО)

Кливленд со максимални 4-0 го елиминираше Мајами откако во четвртиот дуел славеше со неверојатни 55 поени разлика, беше 138-83, Голден стејт со 109-106 го совлада Хјустон и поведе со 3-1.

Објавено на

часот

Сподели

Дебаклот на Мајами беше најавен уште во првата четвртина која Кливленд ја доби со 43-17, во продолжението само ја зголемуваа предноста до конечни 138-83.

Во составот на Кливленд, Мичел беше најефикасен со 22 поени, Хантер реализираше 18. Најдобар кај Мајами беше Јовиќ со 24 поени.

На чекор до пласман во следната рунда е и Голден стејт кој со 109-106 го совлада Хјустон и поведе со 3-1 во серијата.

Батлер со 27 поени беше најефикасен кај Голден стејт, Подзиемски даде 26. Најдобар на мечот беше кошаркарот на Хјустон, Шенгун со 31 поен и 10 скокови.

Резултати:

Мајами – Кливленд 83-138 (0-4)
Голден стејт – Хјустон 109-106 (3-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ