понеделник, 14 јули 2025
И СО 40 ГОДИНИ ПОКАЖА ДЕКА МОЖЕ ДА НАПРАВИ РАЗЛИКА

Класата е вечна: Казорла со мајсторија од слободен удар го однесе Овиедо на чекор до Ла Лига (ВИДЕО)

Санти Казорла и со 40 години покажа дека може да направи разлика на терен, Шпанецот мајсторски погоди од слободен удар за 1-1 против Алмерија и го однесе Овиедо во финале на плеј-офот за влез во Ла Лига.

Објавено на

часот

Сподели

Летото во 2023 година, Санти Казорла се врати во својот матичен клуб Овиедо и прифати да игра за минималец со цел да помогне „сините“ да се вратат во прва лига.

Минатата сезона, Овиедо играше финале против Еспањол, кое за жал го загуби, но оваа сезона ќе имаат втора шанса за влез во елитата.

Овиедо синоќа се избори за 1-1 против Алмерија и за ново финале, а главен херој е токму Санти Казорла.

Домаќините на пауза заминаа со негатива 0-1, на стартот од вториот дел во игра влезе Санти Казорла и му требаа само неколку минути да изедначи на 1-1.

Поранешниот фудбалер на Виљареал и Арсенал, кој ги користи и двете нозе, мајсторки погоди со лева нога и донесе огромна радост на трибините.

Ветеранот, кој покажа дека и на 40 години може да направи разлика, по крајот на натпреварот рече: „Само се обидувам да уживам на теренот, знам дека се ближи крајот на мојата кариера. Бев малку тажен што не го почнав натпреварот од прва минута, но сега сум среќен што му помогнав на тимот“.

ФОТО: X/Real Oviedo

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ