Откако Наполи ја одби првата понуда на Галатасарај за Осимен и им стави јасно дознаење на Турците дека фудбалерот може да биде купен само со откупната клаузула, така и се случи.
Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, Галатасарај го известил Наполи дека ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 75 милиони евра.
Двата клуба си подале рака и трансферот наскоро треба да биде официјализиран.
Осимен претходно ги договори личните услови со Галатасарај.






