недела, 14 декември 2025

Ќе се игра Лига на шампиони во Казахстан, 21 годишен голман го сопна големиот Селтик (ВИДЕО)

Каират Алмати од Казахстан обезбеди настап во лигашкиот дел на Лигата на шампиони, вечерва на пенали ја доби пресметката во плеј-офот против големиот Селтик.

Објавено на

часот

Сподели

Казахстан по втор пат ќе има свој претставник во главната фаза на Лигата на шампиони, вечерва Каират се избори за учество во лигашкиот дел на најелитното европско натпреварување.

Клубот од Алмати и на вториот натпревар против Селтик одигра 0-0, мрежите мируваа и во продолжението, па пеналите го одредија патникот во следната фаза.

А таму, 21 годишниот голман Темирлан Анарбеков беше херој, успеа да одбрани дури три пенали на гостите од Шкотска и донесе огромна радост на теренот и трибините.

ФОТО: fb/ФК Кайрат / FC Kairat

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ