петок, 30 мај 2025

Ќе ги убиеше со поглед: Флик лут на Гави и Јамал зошто доцнеа на тренинг (ВИДЕО)

Ханси Флик не толерира доцнење па тренерот на Барселона беше видно лут на Гави, Ламин Јамал, Ансу Фати, Фермин Лопез, Ињиго Мартинез и Роналд Араухо поради тоа што не се појавија на време на утринскиот тренинг.

Објавено на

часот

Сподели

Ханси Флик воведе серија правила во Барселона и германскиот стратег особено е ригорозен кога е во прашање доцнењето.

„Не бев дел од тимот кога ги поставил правилата, но ги запознав подоцна и бев предупреден дека мора да бидам внимателен. Тој е многу строг во врска со точноста. Ако кажал дека тренингот почнува во 11 часот, да дојде и три секунди подоцна, според Флик си задоцнил“ – кажа пред неколку месеци младиот Пау Виктор.

Па сосема очекувано Ханси Флик беше видно лут кога на утринскиот тренинг, последен пред натпреварот со Интер во полуфиналето во Лигата на шампиони, задоцнија неколку играчи како Гави, Ламин Јамал, Ансу Фати, Фермин Лопез, Ињиго Мартинез и Роналд Араухо.

Изразот на лицето на Германецот доволно говори – ќе ги убиеше со поглед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ