вторник, 10 јуни 2025

Ќе биде жешко во „Борис Трајковски“, Алкалоид ги распродаде билетите за мечот со АЕК

Ракометниот клуб Алкалоид во недела ќе го има најголемиот меч во својата историја, против АЕК ќе се бори за првиот европски трофеј, пехарот од ЕХФ Европската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Алкалоид е голем фаворит за трофејот со оглед на тоа што го победи АЕК среде Атина со 29-25.

Момците на Кире Лазаров треба да одиграат уште еден добар меч и да ги стават двете раце на европскиот трофеј.

За таа цел ќе имаат и огромна поддршка од публиката, сите билети за овој натпревар се распродадени, гледалиштетот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде полно.

Мечот се игра во недела со почеток од 20:30 часот, оние кои нема да бидат во салата, ќе можат да го гледаат натпреварот на МТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ